23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Апасиев и рускиот амбасадор разговарале за „Спутник“ и за изјавите на Бујар Османи

Руската вакцина, коронавирусот, но и изјавите на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во насока на поддршката за санкциите кон Русија, биле дел од темите на кои денеска се осврнале пратеникот Димитар Апасиев од Левица и рускиот амбасадор, Сергеј Баздникин.

Од Левица велат дека на средбата станало збор за ефикасноста на процесот на вакцинација на населението со руската вакцина „Спутник В“, која им беше понудена на македонските здравствени власти уште во месец август 2020 год.

Отворени биле и прашања од важност за Западен Балкан, а се разговарало и за, како што се наведува, непромислените антируски изјави на шефот на дипломатијата – Бујар Османи, кои беа оценети како непотребни и провокаторски, и кои воопшто не придонесуваат кон развојот на традиционално добрите меѓудржавни односи.

„Пратеникот Апасиев се огради од последниот контроверзен твит на министерот за надворешни работи и потсети дека ваквиот министерски личен став воопшто не ја изразува волјата на мнозинството наши сограѓани“, соопшти Левица.

Отворени биле и други прашања за културната и образовната размена помеѓу двете земји, со особено значење на стипендиите за македонските студенти кои ги дава Руската амбасада на годишно ниво, а биле опфатени и теми од современата геополитика.

Левица оцени дека средбата поминала во срдечна и пријателска атмосфера, со надеж за продлабочена идна соработка меѓу двата народа.