Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ПЕКОЛНИ ДЕНОВИ ПРЕД НАС: Првата декада од август ќе донесе екстремни горештини – детална прогноза за следните 4 дена

Под влијание на топол бран, во следниот период во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време. Особено жешко се очекува да биде во првата декада од август, кога дневната температура локално ќе достигне до 40 степени.

На 30 јули ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност. Минималната температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а максималната од 31 до 38 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

На 31 јули продолжува сончевото и топло време. Утринските температури ќе бидат од 12 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 32 до 39 степени. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Слично време се очекува и на 1 август. Минималната температура ќе се движи од 11 до 21 степен, а максималната од 32 до 39 степени. Ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветер од североисточен правец.