Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СКОПЈАНЕЦ НА РЕСПИРАТОР: Критичен случај на западнонилска треска

Седумдесет и шестгодишен скопјанец заразен со вирусот на западнонилска треска е во критична состојба и е приклучен на респиратор на Клиниката за инфективни болести. Пациентот немал историја на патување надвор од државата, поради што случајот се разгледува како локално пренесена инфекција.

На Клиниката се хоспитализирани пет лица, додека во земјата се евидентирани вкупно осум случаи. Најголем дел од пациентите се повозрасни, а само кај еден случај е наведено претходно патување во Грција. Вирусот не се пренесува од човек на човек преку вообичаен контакт.

Повеќето заразени немаат симптоми или развиваат лесна температура и слабост, но кај мал дел може да дојде до воспаление на мозокот или мозочните обвивки. Заштитата вклучува репеленти, долга облека навечер, мрежи на прозорците и отстранување застоена вода.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК