Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Познати деталите за вчерашното убиство во Струга – убиената била битолчанка

На 20.04.2021 во 19.15 часот во СВР Охрид, Е.Т.(49) од Струга пријавил дека околу 19.00 часот, додека С.Р.(34) и Ј.Р.(39), двајцата од Битола, со привремено живеалиште во Струга, биле во неговиот стан, каде биле присутни уште неколку лица, по претходна расправија, Ј.Р. со нож ја нападнал неговата сопруга С.Р. и ѝ нанел повреди.

Според пријавеното, тој се обидел да побегне, но бил спречен, по што со ножот сам се повредил. Од екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај С.Р., а Ј.Р. бил префрлен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициска станица Струга.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено за обдукција.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК