15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

153 сообраќајни прекршоци во Скопје, 61 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, пет за возење без возачка дозвола, 10 за некористење сигурносен појас.

Изречени се 13 санкции за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли и 35 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Спонзорирано: