Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Добра вест: И среде пандемија расте просечната плата – мартовскиот просек зголемен за 2,7 проценти во споредба со ланскиот период

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2021 година, изнесува 27.948 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, таа е повисока за 2,7 отсто во споредба со истиот месец минатата година.

Ваквото зголемување се должи, пред сè на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (10.1 %), Други услужни дејности (8.2 %) и Рударство и вадење на камен (7.5 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9.0 %), Уметност, забава и рекреација (6.4 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (4.1 %).

Можеби ќе ве интересира

Самсунг (“Samsung“) ги претстави Galaxy А57 5G и Galaxy A37 5G уредите, со професионални функции по одлична цена

ДЕСК

Отворена нова модерна експозитура на НЛБ Банка на локацијата „Универзална Сала“

C +

На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето

ДЕСК