11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
rpt
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: Не сум недопирлив, ама не се ниту другите, нема селективна правда

„Јас сум како и сите други граѓани со своја обврска и одговорност. Секој министер за правда има тешка задача во комуникацијата на извршната власт со судството, но ние сме задолжени за зајакнување на капацитетите во правосудството. Никоигаш не сум се чувствувал недопирлив, и никој фунинкционер не треба да се чувствува така, за нас важат истите правила како и за сите граѓани. Не е добро да се оддалечи функционерот од граѓаните затоа што тоа е лошо и за него и за граѓаните.“- коментираше министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата „Агенда 35“ на МТВ, зборувајќи за непостоењето селективна правда и дека конечно функционира правната држава.

Тоа го илустрираше со многу примери од судската пракса според кои има поранешни и сегашни функционери кои се во притвор или во затвор. Направи споредба дека во минатото граѓаните постојано криткувале дека зад решетки завршувале ситни криминалци, но дека денес е сосема поинаку.

Спонзорирано: