Немаат сите ученици пристап до електронски уреди, премногу седат и читаат од компјутер се дел од прашањата кои се наметнаа во јавноста, А некои и побараа паралелно да има и хартиени и електронски учебници за децата да не го изгубат односот кон книгата. Сето ова доаѓа откако Министерството за образование најави револуционерен чекор со кој ќе се укинат печатените книги и тие ќе бидат достапни во дигитална форма.
Според инфорамциите секое училиште ќе има обврска да обезбеди потребната количина ИТ уреди (таблет компјутери) кои ќе даваат на користење на учениците кои во своите домови немаат услови, односно не поседуваат електронски уред за употреба на дигиталните учебници. Ова значи дека државата ќе биде одговорна секое дете да има пристап до уред.
Согласно податоците со кои располага МОН добиени од училиштата, над 90% од учениците во моментов се вклучени во онлајн настава, а недостигот на електронски уред е предизвик за околу 4000 ученици од сите одделенија. Ова е 10 кратно намалена бројка од првичните проценки за број на ученици кои немаат електронски уреди од почетокот на учебната година. Оваа бројка ќе ја сведеме на нула за многу кратко време.
Заштедата на средства по основ на печатење на учебници, ќе се реалоцира за поддршка на општините за набавка на електронски уреди токму за овие ученици, односно за учениците од социјално загрозени семејства.
Учениците од прво до трето одделение секако ќе добиваат хартиени учебници, бидејќи токму тоа е период во кој децата го развиваат односот кон книгата.
Доколу од било кои причини некој ученик не е во можност да ги користи електронските учебници, училиштата имаат должност да ги испечатат и во хартиена форма да им ги доделат. Материјалите за учење ќе му бидат достапни на секој ученик.
За крај, учениците може и самостојно да си печатат дел од материјалите или цели книги доколку тоа го сакаат. Авторските права сега се МОН и секој може да печати делови или целосно според своја желба.
Реформата не е само замена на хартиените учебници со електронски.
Прво се зголемува времето поминато на училиште, имајќи предвид дека нашите ученици минуваат 900 часови помалку на училиште отколку учениците од развиените земји. Идејата е децата да ја совладуваат наставната материја во училница, преку интеракција со наставниците, а помалку да работат дома со родителите, додека учебниците треба да им послужат само за потсетување на веќе поминатата материја.
Второ, согласно концептот за изработка на учебници и дидактички материјали, новите материјали за учење треба да наметнат учење со разбирање наместо фактографско учење. Тоа значи дека содржината се намалува, а се посветува внимание на квалитетот и на податоци и факти кои се лесни за помнење и применливи во секојдневието. Така што, нема да треба многу листање на учебниците и неколку пати враќање наназад за да се научи тоа што се чита. Учениците полесно ќе учат а со тоа и помалку време ќе треба да поминуваат во учење.
Трето, новите генерации растат во дигиталната ера на ИТ технологијата која е составен дел од животите на најголем дел од нив. Така што користењето на таа технологија за учење, стекнување на навики кај децата истата да ја користата за пребарување, истражување и улење е всушност многу голема придобивка и градење на добар однос со технологогјата и интернетот. Всушност, оваа учебна година учебниците се достапни во електронска верзија токму на барање на учениците.
Децата од прво од прво до трето одделение ќе имаат печатени учебници токму за да го створат односот со книгите. Лектирите исто така остануваат во печатена верзија во сите одделенија како учениците би читале исто така од книги.
Не постои ограничување за печатење на учебниците, кој сака може да има испечатен учебник и тоа да го направи самостојно или тоа да го направи училиштето.