25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ фабрикува непостоечки афери

Неспособна да одговори на секојдневното одобрување и поздравување од страна на граѓаните на проектите на Град Скопје реализирани за само 3 години, ВМРО-ДПМНЕ фабрикува непостоечки афери, соопшти Град Скопје.

„ ВМРО-ДПМНЕ 30 години говореше за воведување на трамвај во Скопје, но тоа никогаш не се случи. За разлика од ваквите лажни ветувања, Град Скопје годинава го започна воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз. ВМРО-ДПМНЕ е неспособно да одговори зошто во времето на нивните градоначалници не се изградени и реконструирани помалку булевари и улици отколку во последните 3 години.

Неможејќи да ја прифатат реалноста дека во Скопје за прв пат после неколку децении се градат 4 булевари истовремено (АСНОМ, Христијан Тодоровски Карпош, Никола Карев и Босна и Херцеговина) ВМРО ДПМНЕ пласира лажни вести. Неможејќи да ги прифатат фактите на за прв пат целосно исчистениот кеј на Вардар, новиот стационар за бездомни животни Лајка, развиената мрежа на велосипедски патеки, ослободени јавни површини, рекордите во ново градско зеленило, ВМРО-ДПМНЕ измислува лаги“ велат од градот.

Наведената фирма во денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, е специјализирана за набавка на ХТЗ опрема за што потврдуваат и набавките на Град Скопје и пред доаѓањето на оваа администрација.

„ Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ наместо да измислуваат лаги, конечно да почнат да работат на вистинските интереси на граѓаните на Скопје“, се вели во реакцијата на градот.