Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме и студ низ Македонија – Кога да очекуваме повисоки температури

Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. До понеделник на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15л/м2 за 24 часа). На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено денес и во понеделник. Од вторник врнежите ќе бидат од локален карактер и со помал интензитет, а времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст.

Прогноза за 19.04.2021
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 17°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини со повремен снег. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во источните делови од земјава.

Прогноза за 20.04.2021
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 19°C
Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во западните делови повремено че засилува западен ветер.

Прогноза за 21.04.2021
Минимална температура: 1°C до 5°C
Максимална температура: 13°C до 21°C
Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +