Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Зеќири за „24 анализа“: За територијалниот интегритет на државата не се грижиме само ние туку сите членки на НАТО

Република Северна Македонија е членка на НАТО и нејзиниот територијален интегритет и стабилноста на земјата е забетонирана еднаш засекогаш. Тоа е придобивката од нашето членство во НАТО Алијансата, и за нашата територијална безбедност, и нашиот територијален интегритет не се грижиме само ние туку сите членки на НАТО.

Ова го истакна генералниот секретар на Владата и потпретседател на СДСМ Мухамед Зеќири, во емисијата „24 анализа“ на ТВ24, одговарајќи на прашање во врска со нон-пејперот на словенечкиот премиер Јанез Јанша, за кој Владата на Република Северна Македонија нема официјална информација дека постои
Вакви темите на Балканот не ретко се отвораат, поради отворените прашања со Босна и Косово, рече Зекири, додавајќи дека официјална Љубљана секогаш официјално е за интеграција на Западниот Балкан во ЕУ.

Прашањето за границите ќе биде затворено еднаш засекогаш кога сите земји и од Западен Балкан ќе станат членка на ЕУ, и тогаш нема да бидат потребни границите. Но повторно ќе кажам дека официјално тоа што е битно за нас како земја е дека сме членка на НАТО и тоа е најголемата придобивка, истакна генералниот секретар на Владата и потпретседател на СДСМ Мухамед Зеќири, во емисијата „24 анализа.

Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

ДЕСК

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК