23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Зеќири: Груевски може да се врати само ако си ја одлежи казната затвор

Не може Никола Груевски да се врати во државата со некакви гаранции дека ќе си биде слободен, тој може да се врати единствено да ја одлежи казната што му е изречена и да си ги дочека пресудите за другите предмети коишто се отворени према него, порача генералниот секретар на Владата и потпретседател на СДСМ Мухамед Зеќири, во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Тоа може да се пусти желби на другарите на Груевски, рече Зеќири, одговарајќи на прашањето во врска со наводите во нонпејперот на словенечкиот премиер Јанез Јанша, дека во една негова верзија Груевски се опишува како човек на кого ќе му бидат дадени гаранции мирно на голема врата да се врати без последици во Македонија.

Зеќири нагласи дека Владата си има официјални канали преку кои комуницира со Унгарија, имаме начини како тоа го бараме, нормално и официјално го имаме побарано за негова екстрадиција којшто не беше прифатена поради тоа што му е даден политички азил.

Спонзорирано: