3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Кирацовски: Денес стигна уште една потврда која им зададе удар на оние кои од, сега веќе јасни побуди за јавноста, го мешаа моето има и ми штетеа на честа и угледот

Фејсбук статус на Алексадар Кирацовски:

Оставив времето да ги разбива облаците од инсинуации истурени врз мене во минатото.

Денес стигна уште една потврда која им зададе удар на оние кои од, сега веќе јасни побуди за јавноста, го мешаа моето има и ми штетеа на честа и угледот.

Јасна потврда од сведоштвото на извесен бизнисмен, г-дин Лога, дека никогаш не сум учествувал на никакви состаноци за поврзани со судењето за случајот Меѓународен сојуз”.

Вистината, иако можеби задоцнето, секојдневно излегува на површина и ги демантира сите лаги и сомнежи.

Чесноста, искреноста и директниот пристап се основата на мојот карактер, а тоа со ништо не може да се промени!
p.s.

Ова доаѓа како след на нешто кое го изјавив во ноември минатата година во еден дел од интервјуто за неделникот Фокус:

“Следствено на тоа, согледувајќи дека моето опстојување на таа функција кон мене и кон моето семејство станува нефер и неоправдано, се решив на пауза, неинсистирајќи на никаква функција, со цел времето да расчисти многу работи и да ја потврди заболеноста на јавниот простор од грубите лаги и манипулации.

Повлеков чекор назад за да направам 3 чекори напред.

Сега времето лека-полека ги разбива облаците од лаги и инсинуации истурени врз мене, а јас со многу поголемо искуство кон одредени состојби и личности ја кројам стратегијата за доброто на многу неоправдано „исчезнати“ херои во СДСМ, чии места сега се запоседнати од ликови кои до вчера беа како со папочна врвца припоени до режимот.”

Спонзорирано: