Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Секторот Угостителство и туризам поддржан 7 пати повеќе од она што придонесува во домашната економија

Туристичко угостителската комора на Македонија денеска најави дека ќе продолжат протестите на угостителите, затоа што како што велат се незадоволни од помошта што државата им ја давала.

Овој сектор беше еден од првите на удар од коронакризата, но и првиот од секторите кои добија државна помош за справување со последиицте од кризата.

Ако се направи анализа за досегашната вкупно исплатена помош ќе се увиди дека во 2020 година кон овој сектор се исплатени над 37,6 милиони евра од вкупно 350,445 милиони евра колку што изнесувале директните плаќања од Буџетот на државата.

Во проценти, 10,73 отсто од вкупната помош во 2020 година завршила во секторот Угостителство и туризам.

Овој сектор во БДП на државата учествува само со 1,54 отсто, па ако се спореди помошта што им е исплатена во 2020 година се гледа дека секторот Угостителство и туризам е поддржан седумкратно повеќе од она што придонесува во македонската економија.

Овие податоци покажуваат дека секторот Угостителство и туризам е еден од најподдржуваните сектори во време на криза, далеку повеќе од другите сектори кои се соочија со последици од коронакризата, па оттаму, неразбирливо е зошто Туристичко угостителската комора е незадоволна од поддршката, особено имајќи го предвид фактот што државата најави дека помошта ќе продолжи и во следниот период.

Можеби ќе ве интересира

ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април

C +

Познато е кога ќе бидат исплатени покачените пензии на пензионерите

ДЕСК

Народната банка: Предлозите за вицегувернери се доставени, изборот е во надлежност на Собранието

ДЕСК