Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопски фитнес-клуб работел и покрај забраната, следи кривична пријава

Полициски службеници синоќа извршиле контрола во фитнес-клуб лoциран на скопскиот булевар „Партизански одреди“ откако добиле дојава дека истиот работи и покрај забраната, воведена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

При контролата било констатирано дека објектот навистина работи, а во него биле затекнати сопственикот Ф.Б. (35) од Скопје и уште шест лица.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи.

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК