Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен криминалец од Арачиново баран со три централни потерници

На улицата „Бoца Ивановска” во скопската населба Бутел, синоќа во попладневните часови, полициски службеници го уапсиле 29-годишниот Ќ.А. од селото Арачиново, за кого биле распишани три централни потерници од МВР.

Тој бил баран по наредба од затворот во Шутка за доиздржување казна затвор, по бегство од затворот, а во врска со кривично дело самовластие, по наредба на Основното јавно обвинителство за издржување притвор во врска со кривичното дело – засновање ропски однос и превоз на лица во ропски однос, по наредба на Основниот кривичен суд во Скопје, во врска со делото загрозување на безбедноста во сообраќајот и еден Централен распис од МВР во врска со делото овозможување бегство на лице лишено од слобода.

29-годишникот бил предадено во полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК