Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Трагична сообраќајка доцна попладнево – Еден мртов, тројца повредени

Во тешка сообрајкајка која што попладнево се случи на патниот правец Маврови Анови- Дебар, загина едно лице, додека три се повредени.

Несреќата која што се случила околу 16 часот во близина на Ростушкиот мост, учествувале возило марка хјундаи со скопски табли, и камион.

Возилото хјундаи било управувано од А.Ѓ. (68) од Скопје, додека товарното возило 52 годишниот Љ.Д. од Панчево, Србија

Во сообраќајката, возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројца сопатници на возраст од 26, 30 и 34 години се повредени.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК