23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето драстично се менува: Утре очекувајте поројни дождови, детална прогноза за следните 4 дена

Под влијание на влажен бран од денес ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Локално се очекува да наврнат над 15 л/м2. Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови опаѓање на температурата за 6-8 степени поизразено на северот и западот од земјата. На планините особено во ноќните часови врнежите ќе бидат од снег.

Врнежите ќе престануваат во четврток изутрина.

Прогноза за 15.04.2021
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 9°C до 17°C
Променливо облачно со сончеви периоди. На планините на северозапад од ноќта и изутрина со врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер.

Прогноза за 16.04.2021
Минимална температура: -5°C до 5°C
Максимална температура: 10°C до 18°C
Променливо облачно со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 17.04.2021
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 9°C до 13°C
Претежно облачно со врнежи од дожд, на планините особено во западните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.