20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКИЗБОР

Шест хороскопски знаци ги очекува голема љубов оваа пролет: Дали сте и вие меѓу нив?

Доколку не сте ја пронашле сродната душа, сега е вистински момент за тоа!

Според астрологијата и по распоредот на планетите, оваа пролет Аморовата стрела ќе ги погоди овие хороскопски знаци:

Јарец – Заведувањето е на врвот

Среќата владее во вашиот живот и на хоризонтот нема облаци. Оваа сезона ќе ви помогне да се чувствувате подобро, да се опуштите, па дури и малку да отстапите од своите начела.

Повеќе не се двоумите за да заведувате, ќе бидете весили и топли. Ќе наоѓате и зборови кои ќе допрат директно во срцето на вашиот брачен партнер или партнер.

Девица – Конечно сте во вистинската приказна

Овој период ви носи исполнет љубовен живот и незаборавни средби. Љубовта прави да се чувствувате добро и да имате повеќе доверба во иднина.

Обично сте загрижени поради сѐ, но оваа сезона ќе ги избегнете грижите и во потполност ќе ја искористите хармонијата во својата врска. Конечно се чувствувате сигурно.

Овен – ништо нема да ве задржи

Пролетта носи нов жар кој ќе ви ја зголеми самодовербата. Го одржувате пламенот во својата врска, а доколку сте осамени елсно може да се случи да ги признаете своите чувства на некоја посебна личнсот.

НИшто не може да ги задржи вашите желби. Но, сепак полека, бидејќи Меркур е ретрограден и може одново да предизвика проблеми во комуникацијата.

Вага – Авантура за паметење

За оваа пролет планот е едноставен и вклучува љубов, страст, сензуалност и соучество. Имате начин за животот да го направите сладок и радосен, па нема да може да му одолеете!

Сонцето, Месечината и Венера се на вашата страна оваа сезона и ве поддржуваат ако сте слободни. Нема потреба за запознавање на многу луѓе, само една личност ќе биде доволна за срцето да ви потскокне и да ви понуди авантура за паметење.

Риби – Сѐ е е совршено

Ништо, апсолитно ништо, нема да биде пречка во оваа љубовна сезона. Романсата и страста ќе ја одбележат оваа пролет, а вие ќе бидете среќни и задоволни.

Како некој кој секогаш е чувствителен на другите, покажувате добрина и емпатија која сигурно ќе го привлече вниманието на вашата сродна душа, доколку сѐ уште ја немате пронајдено.

Стрелец – Засекогаш, ништо помалку

Љубовта која ја имате кон партнерот е толку силна, а страста толку интензивна што повеќе не можете да издржите – оваа сезона, вие ќе бидете иницијаторот!

Доколку бракот не е дневен ред и понатаму сте нежни и страствени. Ако сте и понатаму слободни, не плашете да се го направите првиот потег за да изјавите љубов. Љубовта ви дава крилја и ќе бидете подготвени на сѐ.

Спонзорирано: