Инстаграм ги предупреди своите корисници за нова измама која кружи на таа социјална мрежа, преку која измамниците сакаат да преземат сметки на други луѓе.
Тоа е директна порака (ДМ) што ја добиваат корисниците, а која содржи лажно предупредување дека корисникот прекршил некои авторски права, и се испраќа врска преку која тој мора да контактира со „поддршката“.
Ако кликнете на таа врска, сепак, ќе ги испратите сите ваши податоци (вклучувајќи ја и лозинката) директно до сајбер криминалците.
Инстаграм предупредува дека тие никогаш не комуницираат директно со корисниците, а особено не за работи како што се кршење на авторските права. Тие исто така ги советуваа корисниците да не ги отвораат овие врски и да не одговараат на пораките.
🔐 Keep your account safe 🔐
You may get emails that LOOK like they’re from Instagram, but they’re not 👀 Avoid hacks and phishing by:
✔️ Checking your settings to confirm we contacted you. Nothing there? Then it’s not from us.
✔️ Turning on 2-factor authentication. pic.twitter.com/V0B40gVhmj
— Instagram (@instagram) March 29, 2021