Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нови најави од УХМР: Се очекуваат врнежи од снег – следува драстична промена на времето

Од утре и во деновите од викендот ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20л/м2, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради продор на постудена воздушна маса во недела на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег и позначително опаѓање на дневните температури.

Прогноза за 03.04.2021
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 15°C до 22°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 04.04.2021
Минимална температура: 3°C до 8°С
Максимална температура: 6°C до 11°C
Oблачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (локално и над 20л/м2), проследени со засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег, кои во текот на ноќта ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Прогноза за 05.04.2021
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 10°C до 18°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +