Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Стејт Департмент: Владата вложува напори во борбата против корупцијата и криминалот

Стејт Департментот во својот извештај нагласува дека извештајот на Европската комисија забележал позитивни случувања, вклучително и усвојување на нов Закон за Јавно обвинителство и подобрувања во евиденцијата на земјата во борбата против корупцијата и организираниот криминал, исто така забележувајќи дека судството останува со недоволна доверба кај јавноста.

Понатаму, Стејт Департментот забележува дека Европската комисија заклучила дека државата направила добар напредок во истрагата и прогонот на криминал на високо ниво.

Стејт Департментот нотира дека Владата на Северна Македонија демонстрирала поголема почит кон независноста на судството и непристрасност во споредба со претходните години. Според извештајот на Европската комисија земјата воспостави механизми за да се обезбеди судска независност и отчетност, вклучително и креирање правила за проверка на имотот и судир на интереси и утврдување дисциплински постапки.

Во извештајот на Стејт Департментот за пренесува извештајот за подобрувања во сите затвори, вклучително и комплетната реконструкција на затворот во Битола, како и изградба на Поправниот дом за малолетни лица во Тетово и судница во затворот Идризово.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Нема пари за чист воздух, има за криминални тендери – здравјето на Скопјани е жртва на корупцијата

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје, има повредени

ДЕСК

Откажани 20 лета, пренасочен еден – Маглата прави проблеми на скопскиот аеродром

ДЕСК