Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Седница на Советот за безбедност поради состојбата со пандемијата

Актуелната состојба поврзана со ковид-пандемијата ќе биде тема на денешната седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, што ќе се одржи во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Покрај членовите на Советот за безбедност, по покана на Пендаровски, на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

„На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции“, информираат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

ДЕСК