14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

СДСМ: Економските мерки што ги презедовме навремено даваат реални и видливи резултати

Економските мерки што Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев ги презедоа навреме и ги спроведоа ефикасно даваат реални видливи резултати. И во време на пандемија, на сериозна светска здравствена и економска криза, просечната плата продолжува да расте, соопшти СДСМ.

„Според официјалните податоци, просечната плата за јануари 2021 година изнесува 28.272 денари, што е 2,7 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2020 година. Тоа е доказ дека навремените економски мерки на Владата предводена од СДСМ се успешни и даваат конкретни резултати во справувањето со последиците од корона-кризата.

Истовремено, продолжува и поддршката кон домашната економија преку мерки што обезбедуваат навремена и неселективна помош за компаниите и работниците. Од третата кредитна линија за бескаматни кредити преку Развојната банка, за која се предвидени средства од 31 милион евра, одобрени се 2.583 кредитни барања во вкупен износ од 29,3 милиони евра. Овие барања ги исполниле условите од јавниот повик објавен на 7 декември 2020 година.

Според структурата на одобрените кредитни барања, 1.368 кредитни барања се од мали компании, 999 барања се од микрокомпании, 164 кредитни барања се од трговци поединци, а 52 кредитни барања се од занаетчии. СДСМ како партија насочена кон интересите на граѓаните и стопанството продолжува да реализира мерки и политики што ја зајакнуваат домашната економија и обезбедуваат услови за забрзан економски раст.

Остануваме посветени на градење силна и стабилна економија, која носи шанса за сите“, се вели во партиското соопштение.

Спонзорирано: