Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски и кинескиот министер за одбрана разговараа за вакцините и билатералната соработка

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Народна Република Кина, генерал Веи Фенгхе, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

На средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, кои се карактеризираат со пријателство, меѓусебно разбирање и почит, соопштуваат од кабинетот на претседателот.

Претседателот Пендаровски истакнал дека Република Северна Македонија, која е членка на НАТО и земја кандидат за членство во Европската Унија, ќе соработува со Народна Република Кина во рамките на „Процесот за соработка 17+1“.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за севкупната техничка помош доделена од Народна Република Кина, која се реализира преку проекти во разни области.

Посебна благодарност претседателот Пендаровски упатил за доделената помош во борбата против Ковид-19 преку доделување финансиски средства и заштитна опрема.

Пендаровски ги истакнал и очекувањата за скорешно финализирање на набавката на вакцини од кинеската компанија „Синофарм“, што е од особена важност за непречена реализација на масовната имунизација на населението против Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК