Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Обвинение за уште едно лице за учество во протестите за „Монструм“

Скопското јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – учество во толпа.

Обвинетиот 19-годишник од селото Стајковци, на 26 февруари, за време на јавен собир на граѓани, заедно со други идентификувани и неидентификувани граѓани, почнал да дејствува кон полицискиот кордон на булеварот Крсте Петков Мисирков фрлајќи со камења, бекатон-плочки, метални шипки и други предмети.

Притоа биле повредени 11 полициски службеници и еден новинар.

Во протестите обвинетиот учествувал маскиран, со цел да не се открие неговиот идентитет, информираат од МВР.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице за кое сѐ уште постои опасност да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.​​

Можеби ќе ве интересира

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

ДЕСК