Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Викендов голема промена на времето

Под влијание на влажен бран, од денеска до понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на планините од снег. Поради продор на студен воздух повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30л/м2).

На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова ќе има и во некои од пониските места.

Од понеделник до среда ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 60 км/час.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во вторник, а во среда се очекуваат нови локални врнежи со послаб интензитет.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТВОРИЦА ПРИВЕДЕНИ ПО ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР ВО СКОПЈЕ – Тепачка по дуелот меѓу Шкендија Арачиново и Тиквеш

ДЕСК

МДТ ја продолжува борбата против нелегалното онлајн коцкање, нов налог за блокирање 104 веб-страници

ДЕСК

Ласовска на седница на Комисијата за правни прашања и меѓународна соработка на ПАБСЕК

ДЕСК