27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Филипче: Ќе поднесам тужба против Лефков од ВМРО-ДПМНЕ кој шири лаги за набавката на вакцините

До граѓанскиот суд утре ќе поднесам тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед, против Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој денеска на прес-конференција изнесе низа лаги во однос на цените и набавката на вакцините, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

„Со очјани и срамни лаги ВМРО-ДПМНЕ продоложува да ме клевети, но уште пострашно намерно да го поткопува процесот за набавка на вакцини. Лажни и неточни се информациите за сумата која наводно била платена за вакцини, а документите кои се пласираат по нивните портали се целосен фалсификат“, нагласува Филипче.

Лефков на денешната партиска прес-конференција посочи дека додека „цел свет купува кинески вакцини за максимум 30 долари, Заев и Филипче платиле 62.5 евра по вакцина“.

„Што би се рекло на струмички 30 за ‘Синофарм’, 30 за Вицето“, додаде Лефков.

Филипче пак вели дека постапките ќе докажат оти немално ништо спорно, ниту е направена било каква финансиска штета.

„Уште еднаш сакам да порачам, престанете безочно да ги лажете граѓаните со фалсификати и измислици, тоа не ви носи политички поени, а сериозно може да ја искомпромитира набавката на вакцините“, вели министерот.