Денеса времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во крајните западни подрачја ќе има услови за слаб локален дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Под влијание на влажен бран утре кон крајот на денот претежно на запад ќе има повремен дожд, на планините снег. Врнежите ќе продолжат преку ноќта и во понеделник, кога ќе се прошират насекаде и претежно во планинските региони ќе бидат пообилни и појава на снег ќе има понекаде и на повисоките места. Во понеделник и особено во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), а дневните температури во понеделник ќе бидат пониски за 6 до 8 степени.
Прогноза за 15.03.2021
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 11°C
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува засилен северен ветер.
Прогноза за 16.03.2021
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 5°C до 13°C
Претпладне студено со зголемена облачност на истокот и со умерен до засилен северен ветер. Долж Повардарието ќе дува силен ветер (над 65 км/час) од северозападен правец.
Прогноза за 17.03.2021
Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 4°C до 11°C
Студено со мала до умерена облачност и со услови за појава на слаб дожд кој повремено ќе преминува во слаб снег.