19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните, освен лажни вести и измислени конструкции

ВМРО-ДПМНЕ со невистини и лажни вести се обидува да деградира здравствениот систем, со измислени конструкции сака да го поткопа процесот за набавка на вакцини, на штета на граѓаните и јавното здравје, реагираат од СДСМ.

– Првите вакцини веќе се пристигнати, вакцинацијата на здравствените работници е во тек, се очекуваат и поголеми количини вакцини.

Во процесот на набавка на вакцини се е законски и регуларно. Владата и Министерството за здравство, од самиот почеток ги користат сите механизми за набавка на вакцини од што е можно повеќе производители.

Нервозата во белиот дворец расте поради серијата изборни порази, внатрепартискиот судир и правдата која е веќе тука, па ВМРО-ДПМНЕ шири невистини, бидејќи нема што да им понуди на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата прави опструкции, шири дезинформации и продава лажна загриженост за јавното здравје, затоа граѓаните ги казнија на избори, затоа се во опозиција и уште долго ќе останат таму, велат од СДСМ.

Спонзорирано: