Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МПЦ и сите верски заедници го поддржаа пописот

Пописот доби поддршка и до сите верски заедници во земјава. МПЦ, ИВЗ, како и Католичката црква давоа поддршка на статистичката операција, а тоа ќе го направат со повик до верниците, во земјава и во дијаспората, масовно да се попишат. Ова е резултат по средбата која верските лидери ја имаа со министерот за надворешни работи Бујар Османи, според кој активностите на верските лидери во однос на повиците и поддршката за попишување ќе почне уште денес.

„И поглаварот на МПЦ и на Исламската заедница и на Католичката црква дека уште денес ќе ги информираат своите претставништва во светот да искомуницираат на различни начини своите верници да се вклучат во овој процес“, рече Османи.

По ова сите дилеми околу поддршката на верските лидери на попишувањето се расчистија и сега сосема е јасна нивната поддршка за најзначајната статистичка операција во земјава.

Инаку, попишувањето на определени категории граѓани започна во понеделникот и засега се одвива без поголеми проблеми.

Можеби ќе ве интересира

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК

НЕСРЕЌА НА УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“: Малолетник со електричен тротинет удрил во триесет и двегодишна жена

ДЕСК

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

ДЕСК