Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВОЗАЧИ, ВНИМАНИЕ – Зимската опрема е задолжителна до 15 март, МВР со потсетување

Министерството за внатрешни работи денеска ги потсети возачите дека од 15 ноември до 15 март важи законската обврска за поседување пропишана зимска опрема во возилата што учествуваат во јавниот сообраќај.

Обврската важи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а потребната опрема зависи од категоријата и карактеристиките на возилото.

Возачите треба да ја проверат состојбата на гумите и дали располагаат со опремата што ја пропишуваат правилата, особено пред патување во планинските подрачја и по патиштата со зимски услови.

Можеби ќе ве интересира

ПРОМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА СЕМЕЈСТВОТО – Се разгледуваат нови решенија за пристап до податоците за посвојување

ДЕСК

ДОБРА ВЕСТ ЗА СТУДЕНТИТЕ – Реконструираниот „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе прими 280 станари

ДЕСК

ЛАЖНА БОМБА ВО ТЕТОВСКАТА ГИМНАЗИЈА – Полицијата приведе 18-годишник, одземен мобилен телефон

ДЕСК