Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДОБРА ВЕСТ ЗА СТУДЕНТИТЕ – Реконструираниот „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе прими 280 станари

Од 1 февруари се очекува да започне сместувањето во реконструираниот студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје. Објектот ќе располага со 280 легла, а Министерството за образование и наука најави дека наскоро ќе биде распишан оглас за заинтересираните студенти.

Министерката Весна Јаневска информираше дека реконструкцијата е дел од поширока инвестиција во девет студентски домови, со проценета вредност од 86 милиони евра.

Во меѓувреме, продолжуваат разговорите за можен ваучерски модел на субвенционираниот студентски оброк. Според најавите, Министерството ќе одржи дополнителни консултации со претставниците на студентите.

Можеби ќе ве интересира

ЛАЖНА БОМБА ВО ТЕТОВСКАТА ГИМНАЗИЈА – Полицијата приведе 18-годишник, одземен мобилен телефон

ДЕСК

НА 27 НОЕМВРИ ПРЕД СУД ЗА НАПАДОТ ВРЗ САРА – Случајот во Охрид добива судска разрешница

ДЕСК

СОМНЕЖ ЗА МИТО ВО ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ – Приведен вработен во координирана полициска акција

ДЕСК