Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Сончево време со температура до 16 степени

Времето претпладне ќе биде сончево и свежо, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а по должината на Повардарието засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, јави УХМР.

Во Скопје сончево, до крајот на денот со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 14 степени.

До четврток ќе преовладува сончево време, а од петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд кон крајот на денот. До вторник ќе дува умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утринските температури во следните денови на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во пораст.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК