Centar.mk
БИЗНИС

Експертите велат дека Кина ќе стане најголема светска економија

Кина има добри шанси да ја удвои својата економија до 2035 година и да ги надмине Соединетите Американски Држави (САД), рече економистката од Бенк оф Америка, Хелен Кјао.

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг претходно изјави дека Кина може да го удвои својот домашен бруто-производ (БДП) и приходот на жител до 2035 година.

Растот на БДП во Кина бара просечна годишна стапка на раст од 4,7 проценти во следните 15 години, што според некои набљудувачи е тешко да се постигне.

Кјао рече дека некои реформски мерки ќе ѝ помогнат на Кина да го постигне тоа.

„Сметаме дека Кина може да го оствари тоа“, рече Кјао.

Таа верува дека Кина би можела да ги надмине Соединетите Американски Држави веќе во 2027 или 2028 година.

Кина беше една од ретките економии на глобално ниво што забележа раст минатата година и покрај предизвиците на пандемијата на коронавирусите.

Официјалните податоци покажуваат дека кинеската економија минатата година се зголемила 2,3 процента, а Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Кина годинава предвидува раст од 8,1 проценти.

Во меѓувреме, американската економија ослабе 3,5 проценти минатата година. ММФ очекува економијата на САД годинава да порасне 5,1 проценти.

Можеби ќе ве интересира

Туристичката комора на ССКМ иницира одложување на примената на EES системот на грчките граници за македонски државјани за време на летната сезона

ДЕСК

Второ место за Реплек на HR Days во Ровињ: „РЕсет“ меѓу водечките регионални HR практики

ДЕСК

Светот се соочува со најголемата енергетска криза во историјата, вели шефот на ИЕА

C +