18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Правдата е тука и ќе ја има сè повеќе и сè почесто

Правдата е тука и ќе ја има сè повеќе и сè почесто, истакнуваат од владејачкиот СДСМ и, според нив, во иднина сè почести ќе бидат одговорите на институциите, како оној за обезбедување присуство на Сашо Мијалков, кон сите кои, како што велат, се ставаат над законот и се обидуваат да си играат со владеењето на правото.

„Преку силен одговор на државата, бегалецот Мијалков беше спречен да ја напушти државата и принуден да се предаде. Обезбеден е неговиот притвор“, стои во соопштението од оваа партија.

Ова, според СДСМ, не значи и ослободување од одговорност на лицата поради кои се случи тој да биде недостапен за органите.

„Очекуваме брза и ефикасна истрага која ќе ги лоцира пропустите кои довеле до можноста за бегство на Мијалков и секако санкции за одговорните за кои ќе се утврди дека сториле свесни и намерни пропусти. Со овој случај падна во вода единствената улога на Мицкоски, поради која и беше поставен од Мијалков и Груевски на чело на ВМРО-ДПМНЕ“, напоменуваат од СДСМ.

„Мицкоски, кој претходно ги призна сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ за кои се водат судски процеси, одново е поразен, му пропаднаа лажните обвинувања за ‘политички монтирани процеси’, исто како што не му успеа ниту блокирањето на Законот за Јавно обвинителство и преземање на предметите од СЈО“, додаваат од партијата на власт.

Спонзорирано: