Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Судењето за „Меѓународен сојуз“ одложено за следната недела

Судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз” се одложува за 3 март.

Одложувањето е на барање на надлежен јавен обвинител, заради присуство на друга главна расправа.

„Поради интерес на медиумите кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр. 49/20, во јавноста познат како ‘Меѓународен сојуз’, ја информираме јавноста дека по барање на надлежниот јавен обвинител, заради присуство на друга главна расправа, судењето се одлага, за што веќе се известени странките во постапката. Следниот термин за продолжување на главната расправа е на 3.3.2021 година“, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

За случајот со невладината организација „Меѓународниот сојуз“, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, заедно со основачот обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИТИЧКИ РЕАКЦИИ ПО ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА – Стојаноска ја обвини Вреди дека му помогнала на ДУИ

ДЕСК

ТРИЕСЕТ ДЕНА ПРИТВОР ЗА 20-ГОДИШНИК – Осомничен дека нападнал дете пред „Јане Сандански“

ДЕСК

АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Разликата е околу 200 гласа, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

ДЕСК