Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во тек владина седница, какви одлуки ќе бидат донесени?

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 47-ма седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, на денешната седница пред министрите ќе се најде Информацијата за Проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективната социоекономска интеграција на (Ромите) повратници од Западен Балкан“.

Целта на Проектот е унапредување на капацитетот на западнобалканските земји на централно и локално ниво за спроведување сеопфатни модели за реинтеграција на повратниците и предвидува поопширна агенда за социјална инклузија и надминување на изворните причини и фактори за миграција на Ромите и ранливите популации.

На денешната седница, меѓу другото, на дневен ред е и Предлог-програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, поднесена од Министерството за локална самоуправа, со која се уредува распределбата на средствата за поттикнување рамномерен регионален развој на Република Северна Македонија, утврдени во Буџетот за оваа година.

Редовната 47-ма седница на Владата, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска, е предвидено да започне во 12:00 часот.

За донесените одлуки и заклучоци јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК