10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сонце и температури од 20 степени – Метеоцентар со детална прогноза

Продолжува периодот на стабилно, сончево и топло време. Утре ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во деновите од викендот во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.

Прогноза за 25.02.2021
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 13°C до 19°C
Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб северен ветер.

Прогноза за 26.02.2021
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 14°C до 20°C
Сончево и топло. Во утринските и во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.

Прогноза за 27.02.2021
Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 13°C до 20°C
Сончево и топло. Претпладне со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Спонзорирано: