Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Натпросечни температури и сонце – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Следува период на стабилно и претежно сончево време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност, особено утре и кон крајот на работната недела.

Температурите ќе бидат во пораст и од вторник дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во вторник и среда, особено вдолж Повардарието ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Топлото време ќе предизвика топење на снежната покривка.

Прогноза за 23.02.2021
Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 13°C до 21°C
Сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Во утринските часови по одделни колтини ќе има услови за појава на слаба магла.

Прогноза за 24.02.2021
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 14°C до 20°C
Сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 25.02.2021
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 12°C до 19°C
Сончево и топло со мала локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК