Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Стабилно до сабота, потоа нова тура дожд и снег – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре наутро ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер.

До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Во сабота преку денот и во текот на ноќта кон недела времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините.

Врнежите ќе бидат со послаб интензитет.

Прогноза за 17.02.2021
Минимална температура: -16°C до -7°C
Максимална температура: -3°C до 6°C
Утрото многу студено со услови за појава на магла по одделни котлини, Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Прогноза за 18.02.2021
Минимална температура: -13°C до -5°C
Максимална температура: -1°C до 8°C
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 19.02.2021
Минимална температура: -14°C до -3°C
Максимална температура: 2°C до 9°C
Утрото ќе биде студено со магла по одделни котлини. Преку денот сончево со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК