Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Обилни врнежи од снег и голомразица – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Следува период на многу студено време повремено со умерен до засилен северен ветер. Денес, преку ноќта и во текот на утрешниот ден ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови.

Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми, Во југозападните делови снежната покривка во пониските места понекаде ќе надмине и 20 сантиметри снег. Ќе има и појава на голомразица.

Утринските температурите ќе ќе бидат особено ниски од почетокот на наредната седмица и понекаде ќе се спуштаат и под -15 степени. Дневните температури само понекаде ќе се искачуваат до некој степен над нулата.

Прогноза за 14.02.2021
Минимална температура: -11°C до -5°C
Максимална температура: -8°C до 0°C
Сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 15.02.2021
Минимална температура: -13°C до -6°C
Максимална температура: -6°C до 2°C
Сончево и студено со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно ќе засилува.

Прогноза за 16.02.2021
Минимална температура: -15°C до -6°C
Максимална температура: -7°C до 3°C
Сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски во Уставниот суд ќе учествува на тркалезна маса „Воведување на уставна жалба?“

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата утрово?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК