Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Драстичен пад на температурите и снег – УХМР со вонредна најава

Поради студен воздух од северот во следните денови времето ќе биде многу студено.

Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Преку викендот и преку ноќта кон недела ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови.

Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми.

Во југозападните делови на пониските места таа ќе изнесува и над 20см. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Температурите ќе бидат под просекот за овој период и преку денот ќе останат негативни и само понекаде ќе достигнуваат некој степен над нулата. Утринските температури ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +