Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец осомничен дека запалил автомобил со што предизвикал силна експлозија

Триесет и шестгодишен скопјанец е осомничен дека запалил автомобил во Скопје со што предизвикал штета од 450.000 денари.

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 36-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – тешки дела против општата сигурност и недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

На 4 јануари, на улицата Јабланица во Скопје, осомничениот полеал паркиран автомобил „ауди“ со запалива течност и со запалка ја активирал. Со ова тој предизвикал силна експлозија и целосно опожарување на автомобилот со штета во вредност од 450.000 денари, како и делумно опожарување на автомобил „форд мондео“, кај кој била предизвикана штета од 10.000 денари.

По експлозијата, сопственикот на автомобилот „ауди“ излегол на терасата од неговата куќа и го забележал осомничениот како бега од местото.

При претрес во домот на осомничениот на 5 јануари, полициските службеници пронашле полуавтоматски пиштол марка „Црвена застава М57“ со калибар 7,62Х25 мм, два куршума во рамка, како и дополнителни 54 куршуми.

Бидејќи постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците и да ги повтори кривичните дела, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Можеби ќе ве интересира

Работникот не е изморен само од работа, туку од тоа што трудот не носи мир

ДЕСК

Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

ДЕСК

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја отвори МБТ конференцијата 2026 во Скопје

ДЕСК