Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицајци “паднаа” во рацете на законот – фатени како примаат поткуп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициските службеници Д.Д. (24) и Е.С. (29) од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ на РСМ.

Полициските службеници за да не извршат службено дејствие кое морале да го извршат, односно да не изготват записник за сторен сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог на возач кој сторил сообраќаен прекршок, побарале и примиле поткуп во материјални добра, кои што по пријавувањето на случајот се пронајдени кај полициските службеници и вратени на сопственикот.

Против полициските службеници до ОЈО за ГОКК е поднесена кривична пријава и тие се суспендирани од своите работни места до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +