Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Опожарени четири возила во Скопје

Доцна синоќа на улицата Трифун Хаџи Јанев во Скопје избувнал пожар во возило по што се проширил и на соседните возила.

„Од пожарот биле опожарени патничко моторно возило ‘киа делта, сопственост на И. Б. (49); патничко моторно возило ‘ауди А4’, сопственост на правно лице; патничко моторно возило ‘форд фиеста, сопственост на Д. В., и патничко моторно возило ‘пежо партнер’, сопственост на правно лице“, соопшти МВР.

Пожарот е изгаснат од Противпожарната екипа. Извршен е увид на местото на настанот.

Можеби ќе ве интересира

Алиу: Успешно реализирани 16 трансплантации на рожница во соработка со тим експерти од САД

C +

Милановиќ: На Македонија ѝ се поставуваат премногу барања и услови за влез во ЕУ

C +

Костадиновски: Уставната жалба е заедничка точка на институционален дијалог

ДЕСК