Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Драстична промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

До недела ќе се задржи стабилно време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер, утре од северозападен, а потоа од јужен правец.

Под влијание на влажен бран, во понеделник ќе има врнежи од дожд, проследени со засилен јужен ветер.

Прогноза за 05.02.2021
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 13°C до 20°C
Сончево со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 06.02.2021
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 14°C до 20°C
Сончево со мала локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 07.02.2021
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 14°C до 19°C
Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +