Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ започна со подготовка за локалните избори

Наместо да им помогне на оние кои што се погодени од кризата, власта разочара од досегашниот пристап, истакна лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по посетата на Старата Скопска чаршија.

Од ова место, како што потенцираат од партијата, ВМРО-ДПМНЕ ја започнува подготовката за локалните ибори.

Преку разговорите со занаетчиите, Мицкоски бил запознаен со нивната економска состојба.

„Занаетчиите ја пренесоа нивната загриженост околу моменталната економска состојба во државата. Се разбира ја споделија грижата и од последиците од пандемијата кои што самите ги чувствуваат и околу тоа како понатаму ќе се развива државата“, рече Мицкоски. Додаде дека, проблемите на граѓаните се големи а власта се обидува да прикаже розева слика, додека, реалноста како што рече е сосема поинаква.

„Реалното чувство на граѓаните, на стопанствениците, на занаетчиите е сосема спротивно од она што се обидува владата да ни го прикаже. Тука денеска почнуваме симболично, продолжуваме понатаму секој ден. Покрај ова ќе имам состаноци и со комитетите на партијата, излегуваме на терен и очекуваме голема победа“ истакна Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +