Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Следува дожд и повисоки температури – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северозападен ветер.

Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи претежно од дожд, пообилни во недела попладне.

Прогноза за 31.01.2021
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Претежно облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд, а на планините од снег, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.

Прогноза за 01.02.2021
Минимална температура: 1°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
Променливо облачно со повремен локален дожд, на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 02.02.2021
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Променливо облачно.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК