Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Забрчанец по статусот на Груевски за пописот: Фала Никола, ретко гаѓаш, ама овој пат ја погоди, би рекол дури и пред време

Се јави Никола Груевски да се спротистави на пописот. Се јави и им ја расчисти дилемата на сите кои не беа сигурни зошто Мицкоски се труди да го минира најважниот државен проект кој ќе ни овозможи проектирање на реалните потреби на луѓето, плановите за развој и подобар живот, порача владиниот советник Марјан Забрчанец.

– Сега е потврдено и со писмен доказ, Мицкоски сака на Пописот да се попишат помалку Македонци бидејќи Груевски го бара тоа од него. Доказ за тоа е писанието на бегалецот во кое тој повторува сѐ што деновиве шири како небулоза неговиот извршител.

Фала Никола, ретко гаѓаш, ама овој пат ја погоди, би рекол дури и пред време. Фала ептен, соопшти Забрчанец.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК